Француски ПСЖ испратиле понуда на адреса на Наполи во висина од 50 милиони евра за фудбалерот за врска Алан.
Како што пренесуваат италијанските медиуми, од управата на ПСЖ имале средба со своите колеги од Наполи, по што за Алан биле понудени 50 милиони евра. Оваа понуда наводно веднаш била одбиена од Наполитанците.
Алан во ПСЖ требаше да биде замена за Адриен Рабио кој што одлучи да го напушти клубот, меѓутоа Парижаните сега ќе мора да побараат друга алтернатива.
Бразилскиот фудбалер за врска е член на Наполи веќе четврта година. Пристигна во 2015-та година и се наметна како стандарден првотимец и еден од најдобрите фудбалери на Наполитанците.