Туристички брод спаси двајца рибари од Костарика, кои три недели плутале по Карипското море. Рибарите ги спасил крузерот „Царица на морето“ во петокот вечерта, помеѓу островите Гранд Кајман и Јамајка.
Туристичката компанија која го користи бродот за крстарење соопшти дека тој сосема случајно се нашол на локацијата на рибарите, бидејќи поради лошите временски услови користел алтернативен пат.
Рибарите на 1 декември заминале од Порто Лимона во Костарика, но останале заробени во морето кога заспале и им се потрошило горивото при нивното враќање назад кон пристаништето.
На двајцата на бродот им била укажана медицинска нега.