Руската флота тестираше ракетни системи во Црното море

Баталјоните со противбродски ракетни системи „Бал“ на руската Црноморска флота извеле вежби на Кримскиот полуостров, објави прес-службата на оваа флота.

Се наведува дека вежбите биле со цел да се детектираат површински мети, стрелање кон цели и обезбедување на системите за спроведување на ракетни удари во различни услови.

Вежбите вклучувале 30 парчиња воена и специјална опрема и околу 100 членови на баталјоните.

Агенцијата „Тасс“ наведува дека крајбрежниот одбранбен ракетен комплекс „Бал“ е смислен за контрола над територијалните води и теснини и одбрана на поморските бази и други крајбрежни структури.

Се вели дека овој систем може да погоди цели на растојание од 120 километри со користење на ракетите „Кх-35“ односно 260 километри со проектилите „Кх-35У“.

 

Треба да знаете
Последни објави