„Фајненшал Тајмс”: Британската банка РБС се сели во Франкфурт

Една од водечките британски банкарски институции, „Ројал банк оф Скотланд” (РБС) поднела барање за добивање лиценца за работа во Германија, со цел да може да го задржи пристапот до европскиот финански пазар по очекуваното истапување на Велика Британија од ЕУ, објави „Фајненшл Тајмс”.

Извори во банката ва весникот потврделе дека РСБ планира својата филијала во Франкфурт на Мајна да ја трансформира во регионален платежен центар.

Во моментов, според „Фејнешл Тајмс”, РБС бара работници за новиот центар во Франкфурт.

Според експертите, лондонскиот финансиски центар Сити би можел да загуби и до 800 милиради евра при префрлањето на активностите на меѓународните банки и другите финансиски институции од Лондон во Франкфурт поради Брегзитот.

Треба да знаете
Последни објави