Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски во негово лично име и во име на локалната самоуправа на сите верници кои денес по Грегоријанскиот календар го слават Христовото раѓање – Божиќ им го честита овој голем ден и им посакува многу среќа, здравје, радост и љубов во нивните животи.
Синоќа градоначалникот, Филип Темелковски и претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Дарио Шимиќ присуствуваа на Светата литургија по повод чествувањето на католичкиот Божиќ во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово” во Скопје.