Етори: Да беше скромен Анри немаше да ја прифати работата

Легендата на Монако, Жан-Лук Етори, не се согласува дека потегот на Тиери Анри да се го преземе тимот бил „храбар потег на човек што сака да помогне“.

Етори има одиграно 602 натпревари за Монако, а во 1995 година бил и тренер на екипата од „малото кнежевство“. За потегот на Анри без размислување да ја прифати понудата на клубот рекол дека „тука нема никаква скромност“.

Тој потсетил дека Анри во Монако дошол без тренерско искуство и без претходно да се запознае со состојбата во клубот, но и во самата лига. Покрај тоа тој верува дека Анри зад себе нема ниту добар стручен тим.

„Иако бевме во тешка ситуација Жардим (претходниот тренер) беше човекот кој можеше да не извади од оваа тешка ситуација. Оваа одлука е избрзана. Жардим набрзина замина, а Анри пребрзо стигна. Не сакам да бидам тој што го критикува, но не бил ниту малку скромен кога ја прифатил оваа работа. Ако си бил добар играч, не значи дека можеш да дојдеш и веднаш да работиш во Лига 1 која воопшто не ја познаваш“, рекол Етори.

Треба да знаете
Последни објави