Наставничка трогната од подарокот на една од ученичките

Наставничка во основно училиште во Вашингтон доби специјален божикен подарок од една од нејзините ученички.

Рејчел Уретски-Прат доби бројни подароци од своите ученици, вклучувајќи чоколади и рачно изработен накит, но она што особено ја трогна беше кесичка маршмелоуси, односно колачиња со бел слез. Како што објасни наставничката на „Фејсбук“, сите деца во нејзиното училиште се на бесплатни или намалени оброци. Но, детето кое  ѝ даде маршмелоуси било решено да ѝ даде подарок на наставничката и покрај тоа што има малку. Девојчето ја зело кесичката што ја добила за појадок, ја отворила и ѝ направила подарок на наставничката.

Треба да знаете
Последни објави