Седумдесетгодишен Италијанец доживеал срцев удар, откако го обземале длабоки емоции кога во галеријата Уфици во Фиренца го здогледал ремек-делото „Раѓањето на Венера“ на италијанскиот уметник Сандро Ботичели, насликано околу 1485 година, пренесува британски „Дејли мејл“.
Порталот „Firence Republika“ пишува дека човекот имал среќа бидејќи во галеријата во тој момент имало четворица лекари, а во просторијата имало и дефибрилатор па веднаш му пружиле помош.
Обожавателот на ренесансата уметност успешно се опоравил во болница во Фиренца, а директорот на галериојата Ејке Шмит за медиумите изјавил дека ова не е прв пат на некој посетител да му се слоши додека се восхитува на убавината на уметничките дела.
Така еден посетител доживеал епилептичен напад додека гледал во делото „Примавера“ од Ботичели во 2016. година, а друг на почетокот на годинава се онесвестил пред „Медуза“ од Караваџо.
Иако многумина веруваат дека во овие случаи најчесто станува збор за исцрпени туристи, кои по долго патување доаѓаат во некој град богат со уметност и настојуваат за кратко време да видат што повеќе, сепак во медицината постои термин за ваквата реакција кој се нарекува Стендалов или Фирентински синдром.
Овој феномен е именуван по францускиот писател Мари-Анри Бејлу, кој во 19. век пишувал под псевдонимот Стендал.
Синдромот претставува психосоматско нарушување предизвикано од естетски шок, односно преголемо воодушевување од уметност и уметнички дела со голема уметничка вредност. Притоа, луѓето може да доживеат необични психички и физички симптоми како несвестица, забрзана работа на срцето, вртоглавица, па дури и халуцинации.



