Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска на брифингот со новинарите одби да коментира за иницијативата со закон да се обезбедат привилeгии на народните претставници, кои ќе имаат право на работно место во државната администрација откако ќе им заврши пратеничкиот мандат.
Според Џафери, до сега ниту еден пратеник до него не доставил формален текст за таков предлог и уште се работи само за идеја и како таква не може да ја коментира. Сепак, тој кажа дека во голем број земји во светот со законско решение бил уреден статусот на пратениците по истекот на мандатот.
-Не може некој да биде пратеник четири години, а потоа да брка по контејнери, рече претседателот на Собранието.