Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Ентони Марсијал, во споредба со другите играчи од Премиер лигата троши најмалку минути на натпреварите за да постигне гол. Французинот успева да реализира на секои 105 минути.
Второто место според овој индикатор е резервирано за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг, кој поминува 116 минути на теренот за дa постигне гол.
Фудбалерот на Манчестер Сити е трет, со просечни 134 минути.
Во ТОП 5 во оваа статистичка категорија уште се: Мохамед Салах од Ливерпул (135 минути) и Хари Кејн од Тотенхем (161 минута).