Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против ТД “Голец Транс“ ДООЕЛ село Желино и А.Љ.(65) од село Желино за сторено кривично дело “незаконита експлоатација на минерални суровини“.
На 27.11.2018 година во атар на село Сиричино, тетовско, на место викано “Леске”, на имот сопственост на второпријавениот, кој е управител на првопријавеното правно лице, од страна на полициски службеници, биле затекнати работна машина и товарно возило, сопственост на првопријавеното правно лице, при ископ и утовар на минерална суровина – песок, за што првопријавеното правно лице не поседувало соодветна концесија издадена од Министерство за економија.