Покетино: Можеби и ние ќе се вмешаме во трката за титулата

Тотенхем оваа сезона игра во одлична форма – лондонскиот клуб моментално е третопласиран на табелата во Премиер лигата со 42 освоени бода на 18 натпревари.

Иако Тотенхем игра во одлична форма, сепак во Англија и натаму доминираат Ливерпул и Манчестер Сити кои што веќе подолго време ги држат првите две места на табелата во Премиер лигата, па борбата за титула и натаму се чини како невозможна мисија за избраниците на Покетино.

Сепак, според Покетино, доколку неговата екипа продолжи со добрите настапи, не би било чудно ако се вклучи и во борбата за титулата.

„И натаму верувам дека Ливерпул и Манчестер Сити се главни фаворити за освојување на Премиер лигата. Ако бидеме константни и играме како што игравме досега, можеби и ние ќе се вмешаме во трката за титулата. Кој знае, има уште многу натпревари до крајот“, изјави Покетино.

Тотенхем во следното коло во Премиер лигата пред своите навивачи на „Вембли“ ќе ја пречека екипата на Борнмаут.

Треба да знаете
Последни објави