Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, рече дека таксата на српските производи нема да биде укината сè додека Србија продолжи да дејствува против Косово.
Харадинај се обрати кон премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, велејќи дека додека Србија продолжува да дејствува против Косово, таксата од 100 отсто на српските производи нема да биде укината, пренесе РТК.
Харадинај изјави дека Брнабиќ без срам му пишала на албанскиот премиер, Еди Рама, барајќи од него да ја преиспита поддршката на Албанија за Косово.
„Таксата е наше право, ние ја штитиме нашата сигурност. Премиерката Брнабиќ продолжува со писмата до разни влади, а без срам му испратила писмо и на премиерот на Албанија, Еди Рама, во кое бара повлекување на признавањето“, изјави Харадинај.