Tурција е решена да ја премине реката Еуфрат и да влезе во северна Сирија што е можно поскоро, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу за турскиот весник „Хуријет“.
Чавушоглу рече дека Турција и САД постигнале договор за градот Манбиџ во северна Сирија.
Како што рече тој договорено било припадниците на курдската Единица за заштита на народот да се повлечат од тој град, кои официјална Анкара ги смета за терористичка организација, објави „Ројтерс“.
Турција претходно објави дека планира да покрене нови воени операции на североисточниот дел на Сирија.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно побара од американскиот претседател Доналд Трамpп да ја посети Турција во 2019 година, соопшти Белата куќа.
Повикот на Ердоган за Трамп дојде неколку дена по најавеното повлекување на американските сили од Сирија.



