Повеќе израелски ракети паднаа доцна синоќа во близина на Дамаск, додека, пак, дел од нив биле соборени од страна на сириската противвоздушна одбрана, објави државната телевизија цитирајќи воени извори.
За време на нападите тројца војници биле повредени, објави „Ројтерс“.
„Нашата противвоздушна одбрана реагираше против ракетите на израелските борбени авиони, кои беа испукани од либанскиот воздушен простор и успеавме да собориме голем дел од ракетите пред тие да ја погодат целта”, вели еден од воените извор.
Овие напади се први откако минатата недела американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека САД ќе ги повлечат своите 2 000 војници од Сирија.
Според АП, се верува дека Израел стои зад серија воздушни напади во минатото, чија цел биле Иран и Хезболах, кои се борат заедно со силите на сириската влада.