Одличен ден за слободните Ваги, Водолиите и Рибите се во среќна фаза.
Прочитајте го хороскопот за 26 декември.
Овен
Иако многу работи не се како што очекувате, немојте да се грижите премногу.
Со саканата личност минувате низ добро и зло. Убави заеднички моменти.
Вкочанетост.
Бик
Незадоволството со моменталната работа може да донесе до промени. Овој ден е тој кој ќе пресуди.
Врската е дојдена до точка до која морате да одлучите на која страна ќе одите.
Добро се чувствувате.
Близнаци
Задоволни сте со моменталната ситуација. Поголем дел од плановите лесно се остваруваат, продолжете така.
Се поголема привлечност чувствувате кон моменталниот партнер. Можно е да почнете да живеете заедно.
Можни се хронични тегоби.
Рак
Новата работа ве поттикнува да давате се од себе за да се истакнете, но имате проблем да се вклопите во колективот.
Пред вас е нова љубовна авантура која нема да трае долго, но долго ќе ја паметите.
Одлично се чувствувате.
Лав
Одлуките кои ќе ги донесете се исправни. Умеете да ги согледате проблемите од вистински агол.
Ве очекува убав ден со саканата личност.
Здравјето е добро.
Девица
Задоволни сте од моменталната ситуација на работа и горди сте на себе.
Самотијата ви годи и не сакате врска.
Внимавајте на здравјето.
Вага
На работа не ве очекуваат големи промени, можете да се опуштите и да дозволите работите да се одвиваат по својот тек.
Денес е одличен ден за слободните Ваги. Нова личност ќе разбуди симпатии во вас.
Имате многу позитивна енергија во себе.
Шкорпија
Денес ќе почнете да ги реализирате идеи кои долго тлееја во вас. Имате многу енергија за нивна реализација.
Ве очекува изненадување од саканата личност.
Не претерувајте со слатките.
Стрелец
Пред вас е променлив период на успеси и порази. Не паничете.
Вашата врска е далеку од сјајна, но свесни сте за своите грешки.
Можни се проблеми со варењето.
Јарец
Денес е подобро да здивнете и да ги оставите плановите за друг ден.
Иако привремено се чувствува запоставено од ваша страна, саканата личност се уште ве сака. Посветете и се повеќе.
Се чувствувате добро.
Водолија
Немате за што да се пожалите кога станува збор за работата.
Љубовните сомнежи кои долго ве мачеа се разрешени. Сега сте во среќна фаза, уживајте.
Избегнувајте алкохол.
Риби
Атмосферата на работа е присутна благодарение на добрите односи со колегите.
Постојат искрени емоции меѓу вас и вашиот партнер. Уживајте во среќата.
Грижете се за својата кожа.