Ливерпул се вклучи во трката за трансфер на Торган Азар

Јирген Клоп постојано е во потрага по нови играчи кои би го засилиле неговиот состав, кој во моментов ја предводи борбата за првото место на табелата во Премиер лигата. Како неретко досега, тој бара засилувања во Бундес лигата, каде го забележа помладиот брат на Еден Азар.

 

Торган Азар сезонава игра во одлична форма за тимот на Борусија Менхенгладбах и забележа 12 гола и 7 асистенции во 19 натпревари.

Белгискиот репрезентативец, кој има 25 години и дури оваа сезона успеа да излезе од сенката на неговиот постар брат Еден, е трансфер-мета на повеќе европски клубови. Неговиот договор истекува на крајот на наредната сезона и тој не е убеден дека сака да потпише продолжување, бидејќи Борусија Менхенгладбах не е тим кој ќе му дозволи пристап до европската елита.

Според англиските медиуми, Ливерпул е подготвен да понуди околу 30-35 милиони фунти во јануари за да го обезбеди потписот на Торган Азар, со тоа што Клоп би можел да го остави играчот на позајмица во Менхенгладбах до крајот на сезоната.

Торган за првпат се појави на европската сцена кога во 2012 година направи трансфер во Челзи заедно со неговиот брат Еден, но не забележа ниту еден настап за тимот од Лондон. Наместо тоа, тој неколкупати беше позајмуван пред конечно да направи трансфер во Борусија Менхенгладбах во јуни 2015 година.

Треба да знаете
Последни објави