Општина Бутел на 27 и 28.12.218 г. подготвува голема прослава за Новата 2019 година во трговскиот центар ,,Живко Брајковски,,. Во специјално накитениот простор ќе има и голема бина на која ќе се одвива богатата програмата од 11,00- 22,00 ч.
Во новогодишната програма со наслов: ,,Општина Бутел во новогодишно руво блесна, насекаде се слуша смеа и песна,, ќе учествуваат голем број изведувачи.
Од 11,00 – 18,00 ч. ќе настапат најмладите од основните и средните училишта во Општината. Ќе има и повеќе културно уметнички друштва: ,,Никола Јонков Вапцаров,, КУД ,,Митеви,, ,,Плетеница,, КУД ,,Илирида,, босанската фолклорна група ,,Диван Хана,, и др.
За хуморот и смеата ќе биде задолжен познатиот Војче Китановски, а ќе има и многу жонглери, магионичари и др. На крајот од првиот ден ќе настапи групата ,,Куку леле,,.
Вториот ден ќе биде збогатен со доаѓањето на Дедо Мраз од 15,00-17,00 ч. кога ќе бидат извлечени добитниците на новогодишната лотарија.
Веднаш потоа ќе настапат познати пеачи од нашата естрада: Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Ани Малинкова, Боби Спасенцовски, Адријан Гаџа, Владанка Георгиева и др.