Германската полиција соопшти дека 20 лица се повредени, а двајца се здобиле со потешки повреди при судир на два пајтона за време на божиќна прослава во јужниот дел на Баварија.
Во двата пајтона имало по десет луѓе.
До судирот дошло откако пајтоните се приближиле до железнички премин, по што едниот пајтон застанал, а другиот од непознати причини не можел да застане и удрил во првиот. Полицијата истражува како и зошто дошло до несреќата.