Четири меѓународни медиумски организации денеска ја повикаа албанската Влада да се откаже од два предлог-закони за државна регулатива и обврзна регистрација за онлајн медиуми, кои планира да ги усвои со цел борба против лажните вести.
Во писмо до премиерот Еди Рама и министерката за правда Етилда Ѓонај, Европскиот центар за слобода на медиуми, Европската федерација на новинари, Репортери без граници и „ПЕН Интернешнл”‘ побараа од албанските власти да го повлечат законот, да ги вклучат новинарите и да побараат меѓународна помош во изработка на нови закони.
Во писмото се укажува дека во демократските земји „онлајн медиумите се саморегулирани”.
Во октомври и ОБСЕ изрази загриженост поради новиот систем за регистрација за медиумски интернет страници во Албанија.