За Божик, токму пред две години, замина музичкиот великан Џорџ Мајкл. Тој почина од срцев удар во својот дом во Геринг во Оксфордшир, на возраст од 54 години, а по неговата смрт со тага се сеќаваме на големиот успех на пејачот, како и на неговиот турбулентен приватен живот. Дури подоцна неговите пријатели и соработници ја открија неговата хуманитарна и добротворна работа, на која ѝ бил посветен со децении.
Џорџ Мајкл е роден како Јоргос Киријакос Панајоту, на 25 јуни 1963 година во Лондон, и се стекна со слава во 1980-тите години како член на дуото „Вем“, кое го основа со пријател од училишните денови Ендру Риџли (55). Тој е автор на многу хитови што ја обележаа музичката сцена во последните неколку децении, како што се Careless Whisper, Father Figure, I Want Your Sex, Jesus to a Child, Outside и Faith.
Освен поранешните членови на групата, од пејачот се простија и Елтон Џон, Бој Џорџ, Марк Ронсон, Елен Деџенерис, Брајан Адамс, MC Хамер, Дејвид Гета, членовите на бендот „Дуран Дуран“ и многу други. Џорџ на многумина им недостасува и денес, кога повторно се сеќаваат на пејачот



