Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, е задоволен од шестмесечното претседателството на Австрија со ЕУ и истакнува дека Виена успеала да заклучи голем број теми, но дека неединството во Унијата успеало да блокира некои теми.
Курц наведе повеќе од 75 договори во Советот на ЕУ, а како најголем успех го истакна договорот за идниот буџет на ЕУ, зајакнувањето на мандатот на „Фронтекс“ и договорот за намалување на емисиите на CO2 во борбата против климатските промени.
Шестмесечното претседавањето со ЕУ од страна на Австрија завршува на крајот од годината. Од први јануари следната година претседавањето го презема Романија.
Австрија, пак, претседавањето со ЕУ го презеде од Бугарија.