Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар „гори“ од желба за враќање во стариот клуб Барселона, и тоа го покажува со постојано јавување на „Ноу Камп“, тврди шпански весник.
Нејмар шокантно замина од Каталонија летото 2017 за рекордни 222 милиони евра наводно поради желбата да излезе од сенката на Лео Меси, по што во деби сезоната ја освои француската титула ос ПСЖ, но уште сонува за враќање во Барселона.
„Повиците од тимот на Нејмар се постојани“, вели анонимен извор од Барселона за „АС“.
Сепак, можноста Барселона да плати голема сума за Бразилецот е навистина мала, а тука е и начинот на кој тој замина од клубот. Претходно се шпекулираше дека Нејмар има клаузула во договорот за раскин во 2020 година, но само ако некој ја плати високата цена за него.
„Кога доаѓа во Барселона, а тоа е често, секогаш завршува во соблекувалната. Вистинска штета, бидејќи тука имаше сѐ, но реши со сила да замине и тоа не ги направи луѓето во Каталонија многу среќни“, додава изворот .Другите шпекулации во Франција пак, велеа дека ПСЖ ќе мора да го продаде или него или Килијан Мбапе за да ги исполни барањата на УЕФА за финансискиот фер-плеј.