Русија воведе нови санкции за Украина

Градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, шефот на разузнавачката агенција при Украинското министерство за одбрана, Василиј Бурба и украинскиот заменик министер за внатрешни работи, Сергеј Јаровој, беа ставени на листата на поединци кон кои Русија воведе санкции.

На оваа листа веќе се наоѓаат заменици на владејачкиот блок на Петар Порошенко, а листата е објавена и на веб-страницата на руската влада, објави ТАСС.

Односите меѓу Русија и Украина се влошија пред околу еден месец, кога три украински воени бродови навлегоа во руските територијални води кај теснецот Керч. Русија возврати со запленување на бродовите и екипажот, и ја обвини Украина дека намерно предизвикува провокации. По овој потег на Русија и Украина реакција стигна од меѓународната јавност.

Треба да знаете
Последни објави