Скопјанец загина откако со „хонда“ паднал во канал кај Катланово

Скопјанец загина откако автомобилот во кој се возел паднал во канал, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила вчера во 17 часот на локалниот пат село Петровец, Катланово, на самиот влез во село Катланово. Тогаш  Г.М.(72) од Скопје управувајќи автомобил „хонда“ изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот Г.М. починал. Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави