Шест лица загинаа во пожар што избувнал во мал дрвен објект што го користеле бездомници во предградие на Варшава, соопшти полската противпожарна служба.
Портпаролот на службата за противпожарна заштита, Павел Фратчак, изјави дека пожарот избувнал доцна синоќа.
Кога пожарникарите пристигнале, зградата била во пламен и во неа биле пронајдени шест безживотни тела.
Полицијата и обвинителите почнаа истрага за избувнувањето на пожарот.