Минатогодишниот развод од милијардерот Џејмс Стант (36) многу ја погоди Петра Еклстоун (30), но во 2018 година ќерката на Славица (60) и Берни Еклстоун (88) повторно ја пронајде среќата. Богатата наследничка и бизнисменот Сем Палмер се во врска речиси една година, а помладата сестра Еклстоун фотографите ја фатија во Беверли Хилс, како оди на романтична вечера со новото момче, пренесува „Дејли мејл“.
Палмер е електричар по струка и се занимава со продажба на половни луксузни автомобили. Петра се запознала со Сем преку нејзиниот зет, бизнисменот Џеј Рутленд (36).
Петра се одлучи за крем издание со скапоцена биркин-чанта. Нејзината сестра Тамара Еклстоун (34) исто така ги обожава познатите чанти, кои имаат улога на еден вид статусен симбол, а се именувани по Џејн Биркин (72), пејачка и актерка и поранешен модел. Покрај ексклузивните чанти, сестрите ја делат страста за добра забава, па неодамна 30-тиот роденден на Петра го прославија заедно, на тематска забава во духот на 80-тите години на минатиот век.