Полицијата поднесе кривична пријава против 34-годишно лице од Струга за сторени три кривични дела „тешка кражба“, кривично дело „тешка кражба во обид“ и кривично дело „кражба“.
Во периодот од 22 до 25 декември, на подрачје на Струга, во два деловни објекти, две амбуланти и куќа, пријавениот, со употреба на физичка сила ги отворал влезните врати, влегувал внатре и одзел парични средства, преносен компјутер, два монитори за компјутер, телевизор, алат и други предмети.
Полицијата соопшти дека пријавениот со кражбите предизвикал материјална штета од 114.000 денари.