Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 30 јануари за адвокатот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски да може да се подготви за предметот.
Судот претходно го прифати барањето на СЈО и одреди мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски од денот на неговата достапност за органите на прогон.
На почетокот на рочиштето Лиле Стефановска од СЈО побара мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство и не е достапен на органите, додека неговиот адвокат по службена должност
реагираше на ваквиот предлог и побара да биде отфрлен како неоснован.
Судијата Горан Бошевски на почетокот констатираше дека адвокатите на Никола Груевски го откажуваат полномошното и му назначи адвокат по службена должност.
Адвокатот по службена должност на Никола Груевски побара денешното рочиште да биде одложено за да може да се подготви за рочиштето поради обемноста на предметот.