Во сабота, на 29 декември, на големата сцена, со почеток во 18 часот театарот „Јордан Х.К-Џинот“ од Велес ќе ја изведе новогодишната претстава за деца „Снешка смешка и Тео текнувало го спасуваат Дедо Мраз“ во адаптација и режија на Ненад Витанов, како последна претстава од репертоарот на театарот за сезоната 2018.
Ова е пригодна новогодишна театарска продукција наменета за деца на возраст од 4 до 12 години која театарот ја реализира од сопствени средства. Истата веќе имаше неколку изведби на репертоарот на театарот со организирана посета на деца од градинките и основните училишта во Велес.
Во претставата настапуваат актерите: Талија Настова како Снешка Смешка, Фаик Мефаиловски во улогата на Тео Текнувало и на Дедо Мраз, Жарко Спасовски како Принцот Мраско, а во улогата на раскажувачот (наратор) се појавува режисерот Ненад Витанов.
Билетите за претставата се веќе во продажба на билетарницата на театарот.