Земјотрес со јачина од 5,6 степени утрово го погоди северниот дел од Венецуела, објави денеска американскиот Геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил на четири километри од Сан Диего, но можел да се почувствува на места оддалечени и 100 километри, објави „Ројтерс“.