Секој возач може да ви каже дека не е добро да се вози „на резерва“, но дали навистина е подобро да се вози со резервоар полн гориво?
Многу возачи кога одат на бензинска пумпа точат гориво повеќе од предвидениот максимум или народски кажано – „до врв“. Притоа тие го игнорираат „кликот“ на пиштолот за полнење гориво кој означува дека максималниот капацитет на резервоарот е исполнет.
Главната причина за тоа е фактот што возачите сакаат да го искористат целиот празен простор во резервоарот за да имаат на располагање што повеќе гориво.
Сепак, постојат неколку причини зошто не би требало да го полните резервоарот до крај, а главната е тоа што вишокот гориво ќе претече низ предвидениот одвод, што значи дека буквално фрлате пари на гориво кое никогаш нема да го искористите.
Исто така, современите пумпи за гориво имаат технологија која го сипува горивото преку кабел задолжен за извлекување гасови, така што постои шанса дека вишокот гориво ќе се врати во пумпата иако вие веќе го имате платено.
За крај, можеби и најважната причина зошто би требало да престанете да сипувате гориво кога пиштолот ќе „кликне“ е штетата која можете да му ја нанесете на системот за враќање на гасови кој е задолжен за да го зачува горивото од резервоарот од испарување.