Камчев и Панделески излегоа од истражниот затвор „Скопје“
Со полициска придружба тие се однесени во своите домови, кои нема да смеат да ги напуштат, бидејќи Апелација им одреди куќен притвор. Двајцата се осомничени во истрагата на СЈО, „Империја”. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор.
Бизнисмените Орце Камчев и Цветан Панделески, вечерва излегоа од истражниот затвор „Скопје“. Со полициска придружба тие се однесени во своите домови, кои нема да смеат да ги напуштат, бидејќи Апелација им одреди куќен притвор. Двајцата се осомничени во истрагата на СЈО, „Империја”. Во овој случај осомничен е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, кој исто така деновиве се очекува да биде пуштен од притвор.