Британскиот министер за одбрана, Гавин Вилијамсон, изрази длабока загриженост во врска со улогата на кинеската телекомуникациска компанија „Хуавеј“ во развојот 5G мрежата во Велика Британија.
Вилијамс стана првиот британски министер кој јавно настапи против кинескиот телекомуникациски гигант, пишува весникот „Тајмс“.
Весникот исто така пренесе дека Вилијамсон верува оти употребата на 5G опремата на „Хуавеј“ ќе овозможи кинеска шпионажа.
„Длабоко сум загрижен поради тоа што ‘Хуавеј’ обезбедува 5G мрежа во Велика Британија. Ова е нешто што треба внимателно да го разгледаме“, рече Вилијамсон додавајќи дека властите во земјата треба да го следат примерот на државите партнери како Австралија и САД.