Крвна одмазда за убиството на Дилавер Бојку: Во Цирих убиен таткото на Ситим Исрефи

Најстариот член на струшкото семејство Исрефи бил убиен завчера во неговиот ресторан во Цирих, како  крвна одмазда за убиството на Дилавер Бојку, дознава 24Инфо.

Исрефи (51) е татко на Ситем (23) кој беше убиен пред две години во струшка Белица од Башким Бојку, брат на Дилавер, кој е во затвор за убиството на Ситем и ранувањето на неговиот брат Прентим, кој остана инвалид.

Според неофицијални извори во полицијата во Цирих, убиството на Исрефи е јасна порака од семејството Бојку, кое трагите на убиецот на Дилавер ги донела во Швајцарија.

Дилавер Бојку Леку беше убиен на 14 август лани во неговиот ресторан на струшката плажа „Аква блу“. Убиецот  ладнокрвно пришол до масата на која седел Дилавер Бојку и испукал само еден куршум во главата. Тој потоа дошол на аеродромот „Св. Апостол Павле“ од каде што отпатувал со лет за Базел.

Иако од семејството Исрефи негираат било каква врска со Бојку, блиските на Исрефи за медиумите рекле дека станува збор за крвна одмазда, но и дека убиството ќе биде вратено со иста мера.

Исто како и во случајот на Бојку, и Исрефи е убиен од професионален убиец. Сопственикот на ресторанот бил убиен околу 2 часот на 25 декември, ноќта кога се прославувал Католички Божик.

Ресторанот „Мечки“ е познат како место каде се собираат иселеници од Македонија и играат карти. Исрефи седел со уште еден познаник, а убиецот со шест куршуми го застрелал преку два прозорци пукајќи од улицата. Сите куршуми го погодиле Исрефи. Семејството на Исрефи, кое живее на еден километар од ресторанот во соседното село веднаш дошле, но било доцна. Исрефи починал на самото место.

Според соседите на Исрефи, кои живеат над ресторанот, сопствениците биле вознемирени во изминатиов период, а ги советувале соседите да ја заклучуваат предната врата.

Крвавата пресметка меѓу двете фамилии почна на 13 декември 2015 година во струшкото село Долна Белица. Тогаш Башким (48) заедно со синот на Бојку, Ермин (33), заедно со уште тројца непознати лица од автомобил пукале во возилото во кое биле браќата Ситем и Прентим Истрефи. Причина за убиството биле расправии околу концесиите на струшките плажи.

Не е тајна дека Исрефи по смртта на синот се заканувал на Бојку со крвна одмазда, но се чини дека Леку не ги сфатил сериозно заканите што го чинеше живот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави