Следната 2019 година ја почнуваме со зголемување на платите за сите здравствени работници во јавното здравство. Оваа година, ја завршуваме со успешни преговори и разговори со Гранковиот синдикат за здравство и Синдикатот на Клинички центар, соопшти Министерството за здравство.
Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со синдикатите, а идната година продолжуваат со интензивна соработка.
-Задоволен здравствен работник значи успешно здравство. Правиме сѐ што е во интерес на граѓаните и пациентите, наведуваат од Министерството.