Градоначалникот Шилегов денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар, полициски службеник и крводарител во Скопје за 2018 година.
„Хуманоста е општествена вредност. Таа е дел од нашите принципи. Таа е дел од нашата етика. Скопје е Град на солидарноста и како таков ги негува традициите на хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош. За таа цел Град Скопје дополнително ги мотивира оние што најмногу придонеле за промоција на хуманоста со своите дела и доделува награди за најдобар полициски службеник, пожарникар и крводарител. Сметам дека оваа награда освен за лична мотивација ќе послужи и како добар пример во средината во која живеете и работите – рече Шилегов.“
За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност награди денеска добија:
1. Елвис Далипи, од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје – награда за најдобар пожарникар за 2018 година.
2. Бранимир Китановиќ, вработен во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи – Скопје – награда за најдобар полицаец.3. Tони Ставревски, истакнат крводарител кој до својата 50-та година има дарувано крв 102 пати – награда за крводарител на годината.