ЕВН Македонија во последната недела од годината, традиционално, обезбеди новогодишни донации во пакети со прехранбени производи и новогодишни пакетчиња за најмладите од социјално загрозени семејства, велат од компанијата.
Пакети со храна ЕВН донираше за верниците на Македонската православна црква и Исламската верска заедница. Во Медресата во скопското село Кондово беа поделени дел од донациите, а пакети со храна ќе бидат поделени и во другите верски објекти на ИВЗ низ Македонија.
-И овој Божик и Нова година во народната кујна „Св. Апостоли Петар и Павле” на Македонската православна црква во населбата Ѓорче Петров, ќе се подготват празнични јадења за верниците. Пакетчиња со храна и годинава свештениците ќе достават до граѓаните кои се во тешка здравствена состојба или живееат во далечните рурални средини, соопшти ЕВН Македонија.
Новогодишните донации, додаваат, беа заокружени со доделување на новогодишни пакетчиња за дечињата од Посебното основно училиште „ Д-р Златан Сремац” од Скопје, Дневниот центар за лица со церебрална парализа и во повеќе други центри за згрижување на деца од социјално ранливите категории.