Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски во градинката „11 Октомври“ подели 30 зимски јакни, шалчиња и ракавици на децата од социјално загрозени семејства.
Со тоа им ја честита Новата Година и им посака среќно и безгрижно детство и многу здравје.
Јакните се донација од Црвениот крст.