премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, тие велат дека е изнајдено заедничко прифатливо решение во врска со покачување на платите на вработените во кампусот клиники ,,Мајка Тереза“, Скопје.
,,Крајниот резултат од преговорите за покачувањето на платите е следниот:
доктори специјалисти и наставно-научен кадар -10%, доктори по општа медицина и доктори на државна специјализација вработени во Клинички центар – 5%, здравствени работници со средна, виша и висока стручна спрема (медицински сестри, акушерки, медицински лаборанти, радиолошки технолози и сл.) -8% и болничари – транспортери и останат помошно-технички персонал – 8%. Овие покачувања на основната плата ќе се применуваат со јануарската плата од 2019 година.
За административниот персонал вработен во Клинички центар е предвидено покачување на платите за 5%, кое ќе се исплатува од месец септември 2019 година. При ова, е договорено административниот персонал како посебно обучен за потребите на јавното здравство да остане и понатаму во рамките на кампусот клиники ,Мајка Тереза“, Скопје”, информира Синдикатот на Клинички центар, Скопје