По се изгледа дека претстојното коло од Серија „А”, кое е на програма во сабота, ќе се оддржи, но потоа може и да биде ставен крај на шампионатот.
-Не можеш да загинеш на фудбалски натпревар во 2018-та година, напиша вицепремиерот на земјата Матео Салвини, додавајќи дека веднаш по Нова Година ќе свика средба со учество на лидерите на фудбалските навивачи на тимовите од Серија „А” и Серија „Б”.
Апенините се тресат откако од локалната фудбалска централа се заканија да го запрат првенството поради инцидентите долж натпреварот помеѓу „Интер“ и „Наполи“ вчера. Се случија еден куп инциденти, како резултат на кои еден приврзаник на домаќините беше прегазен до смрт од минибус со навивачите на противникот во него, а четворица други фанови беа прободени со нож, а еден од нив е во критична состојба.
-Стадионите и областите околу нив мора повторно да станат место за забава и да нема насилство, додаде Салвини.
Одделно имаше расистички скандирања на адреса на темнокожиот дефанзивец на Наполи, Калиду Кулибали, поради што пак гостите бараа прекин на дуелот.
Во принцип, во почетокот на јануари ќе има двенеделна фудбалска пауза, по што ќе има натпревари за Купот. Дуелите во Серија „А” и Серија „Б” продолжуваат на 19 јануари.