Преминот на границата меѓу Албанија и Косово наскоро ќе биде поедноставен, а заедничка полиција ќе ги контролира воизлата на патниците на едно место, најави на Твитер министерот за внарешни работи на Албанија, Сандер Леши.
,,Важни промени во управувањето на границата со Косово. Се отстрануваат двојните контроли. Полицијата на двете земји заеднички ќе ги извршува контролите по принципот – едно запирање , една контрола”, напиша Леши повикувајќи се на одлуката на Советот на министри.
Тој вели дека Владата на Албанија вчера ја усвоила одлуката за оваа промена, која ќе го олесни слободното движење меѓу Албанија и Косово, додавајќи дека тоа не е последната промена која што ќе се случи.