Жител на струшкото село Ново Село бил тешко повреден во судир на два автомобила, ноќеска на регионалниот пат Струга-Дебар, информираше МВР.
Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила околу 3 часот кај крстосницата за село Ложани. Тогаш се судриле две „реноа“, едното управувано од Ш.И.(37) од село Ново село, другото управувано од А.Б.(24) од Велешта.
Во сообраќајката тешко бил повреден Ш.И., кому му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.