Вo Бања Лука на протестите од 25 до 27 декември уапсени се пет лица кои се осомничени за напад врз полицијата и попречување во извршување на должноста на службените лица, наведе полицијата.
Тие се сомничат дека на 25 декември на плоштадот во Бања Лука со употреба на физичка сила, нанеле повреди врз полициските службеници, пренесе „Клих.ба“.
„Полициската управа на Бања Лука осудува секаков вид на насилство и напад врз полициските службеници, повикувајќи ги граѓаните на мирен, достоинствен и законит начин да ги изразуваат своите ставови“, се додава во соопштението.
Петте лица се уапсени за време на протестите на граѓани кои го поддржуваат семејството Драгичевиќ во настојувањата да се расветли убиството на нивниот син Давид.