Французинот Жан-Жак Савин сe подготви да го премине Атлантскиот Океан во портокалова капсула во вид на буре, користејќи ја исклучиво моќта на океанските струи.
Тој го напушти Ел Хиеро на Канарските Острови и се надева дека ќе стигне до Карибите за три месеци.
Во неговиот плутечки објект има место за спиење, кујна и дел за складирање, објави Би-би-си.
Савин (71) во текот на неговата авантура ќе поставува маркери за да им помогне на океанографите при проучувањето на атлантските струи.
Вестите за патувањето се објавуваат на Фејсбук страница, а најновата порака е дека бурето се однесува добро.
Бурето е долго 3 метри, широко 2,10 метри и има шест метри квадратни простор за живеење.
На подот има бродски прозорец кој му овозможува на Савин да ги набљудува рибите.
Савин е поранешен воен падобран, и работел и како шумар и пилот.
Буџетот за патувањето во износ од 60.000 евра го собрал од донации.
Со себе понел паштета од гуска и шише бело вино „Sotern“ за новогодишната прослава, а понел и шише црно вино за да го прослави својот 72-ри роденден на 14. јануари.