По релативно лошиот ден за Бадник, акциите на Волстрит вчера експлодираа на првиот ден на тргувањето по католички Божик бележејќи најголем дневен скок од март 2009 година. Волстрит така ги покри сите загуби забележани во претходните тргувања.
Индексите на Дау Џонс и СиП 500 скокнаа за нешто помалку од 5 отсто откако компаниите од прехранбениот, енергетскиот и технолошкиот сектор скокнаа за повеќе од 6 отсто. Насдак, исто така, забележа најуспешен ден од март 2009 година.
Вчерашниот ден ќе биде забележан и по најголемиот скок на акциите по Божик за првпат во историјата.
Иако инвеститорите ги зафатила еуфоријата, експертите предупредуваат дека патот до целосно заздравување е долг и дека се потребни три раста за да се затвори дупката што настана со распродажбата. Волстрит во понеделникот на католички Бадник го погодија големи распродажби, а главните индекси потонаа за повеќе од 2 отсто.