Германските вооружени сили (Бундесвер) планираат поради недостиг на персонал да вработуваат странци од Европската унија, изјави денеска главниот воен инспектор.
Во моментов, припадници на германските вооружени сили можат да бидат само германски државјани, но и лица со двојно државјанство. Платата за регрутите во Бундесверот изнесува околу 2.000 евра бруто, а офицерите, како што потполковник зема 5.000 евра без бонус.
Една од можностите е регрутирање на граѓани на ЕУ кои моментално живеат во Германија. Во оваа држава сега има околу 530.000 државјани од други членки на Унијата, а кои се на возраст меѓу 18 и 30 години.
Германскиот министер за одбрана веќе контактирал со некои европски партнери, пред се во Источна Европа, но реакцијата досега е „воздржана”. Бугарија изразила загриженост поради можноста за масовно заминување на членовите на нивните вооружени сили во Германија.