Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.
Во пресрет на новогодишните празници, денеска е одлична можност да го посетите „Винтерленд“ и да уживате во новогодишната атмосфера со голем број забавни содржини и богата културно-забавна програма.
За љубителите на зимските спортови поставено е и бесплатното лизгалиште „ЕУ за тебе“.
Програмскиот дел денеска почнува во 18 часот со настап на хорот на СУГС „Јосип Броз Тито“ и со улични забавувачи, а од 19:30 до 20 часот ќе се одржи натпревар во изработка на скулптури од дрво.
Вечерната музичка забава во Винтерленд почнува во 20 часот со настапот на музичката група „Breakdown“, а продолжува во 22 часот со настапот на „Peppermint“.
Дојдете и бидете дел од новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“.