На деветгодишно дете не му се допаднале подароците, па повикало полиција
Полицијата во Германија, поточно во градот Зетел, на Божик имала многу необична интервенција. Добиле повик од деветгодишно момче, кое било незадоволно од подароците што ги пронашло под елката.
Тамошната полиција излегла на терен да интервенира, при што утврдила дека листата на подароци што детето ги порачало не се поклопува со оние што ги добило под елката. Сепак, на крајот успеала некако да ја смират семејната расправија, пишува „Шпигел“.