Американската тенисерка Серена Вилијамс е прогласена за најдобра спортистка во 2018 година, во изборот на агенција.
Серена оваа сезона играше на Вимблдон и на УС Опен по неверојатното враќање и закрепнување од четири операции поради згрутчување на крвта по породувањето во септември, 2017 година.
Ова е петта титула за Серена. Вилијамс доби 93 гласови во изборот на американски уредници и директори. На второто место е гимнастичарката Симона Бајлс со 68 гласови, која доминираше со четири освоени златни медали на Светското првенство.
Тоа што е интересно е што сите спортистки на листата, освен Вилијамс имаат освоено барем по една титула.